Сто стапа по туѓ грб лесно е и тоа кога имаш фирми кои носат милиони па сега удри по обичниот народ промовирајки мерки за спас на економијата.

Наместо да се кратат платите на обичниот народ, порационално ќе биде сите партиски вработувања, како и вработувањата по “рамковен„ да се пуштат дома и нив да им се дава плата по 7250 денари.

Овој предлог ги опфаќа сите министри градоначалници, пратеници ,директори каде на истите ке им се скрати 20% од платата а ,управните, надзорните одбори нема да земат ниту банка

.Советниците по советите да им се намалат на 50% надоместоците е ова е мерка која е реална опстоива а не понудената од страна на власта која само ќе го зголеми прагот на сиромаштија оставајки ги граѓаните да неможат да го прехранат своето семејство да ги набават неопходните лекови.

Како четири члено семејство кое има еден вработен ќе ги прехрани тие луѓе со 14500 денари? А да не зборуваме за повеќе детните семејства со по еден вработен.

Шеф на републичкиот изборен штаб Михаил Новковски