Страшо Ангеловски, Претседателот на МААК Конзервативна партија смета дека на овие избори изгуби Македонија. Многу работи во светот, вклучително и во Македонија ќе зависат од изборите во САД. Ние во моментот се наоѓаме во една силна светска биолошка војна каде длабоката држава и Кина работат на пораз на Доналд Трамп на изборите. Затоа, Трамп со сите сили сака да го прекине сојузништвото меѓу Русија и Кина и тој да направи сојуз со Путин, смета Ангеловски. Ќе имаме Собрание на партијата во наредниот период каде ќе ги анализираме изборните резултати. На овие избори МААК победи, а за се друго ќе кажам откако ќе ги инфомирам партиските тела истакна Ангеловски. Интервјуто ви го пренесуваме во целост